Казорла раскажа детали од свадбата на Рамос и откри кој бил единствениот гостин кој добил дозвола да понесе мобилен

by
2 минути читање

Капитенот на
„кралевите“ изминатиов викенд се ожени со својата долгогодишна девојка, Пилар
Рубио. На луксузната свадба имаше преку 400 гости, многу познати имиња од
фудбалскиот свет и шоу бизнисот.

Санти Казорла присуствуваше
на забавата и фудбалерот на Виљареал синоќа во емисијата „Ел Ормигеро“ раскажа
детали од случувањата.

Едно од барањата
на младенците било да нема мобилни телефони. Серхио Рамос и Пилар Рубио сакале
гостите да можат слободно да се опуштат и да уживаат без да се плашат дека
некое видео ќе може да се појави на социјалните мрежи.

„Немаше камери,
немаше телефони, ништо. Тоа беше најдобриот дел од забавата, бидејќи на крајот
сите се опуштија и цело време беа оние вистинските. Само Флорентино Перез имаше
телефон. Го гледаше финалето помеѓу Реал и Барселона во кошарка“
– вели Санти
Казорла.

Водителот на
емисијата, Пабло Мотос кој исто така беше гостин на свадбата додаде: „Одлична
им беше идеата да ги оставиме телефоните. Повтороно бевме луѓе“.

Серхио Рамос и
Пилар Рубио сакале гостите да имаат незаборавен ден, па качени на змеј се
спуштиле на бината. „Мислев дека сум во Игра на тронови“ – објасни со насмевка
на лицето Санти Казорла.

За оние кои
сакале да одморат од танцувањето а да продолжат со забавата имало панорамско
тркало и судирачки колички.

„Час ипол се
возев на судирачки колички, се немав возено од мојата 15-та година“
– раскажува
фудбалерот на Виљареал.

Што се однесува
до најдобрите движења на подиумот, Санти вели: „Пабло Мотос беше на првото
место, јас на второто. Си го повредив зглобот но ништо страшно. Хоакин
(фудбалерот на Бетис) беше навистина добар но многу рано си отиде. Пепе Реина
остана со мене до крај. Кога ја искина кошулата го погледнав и му реков,
„Ајде Пепе, време е да си одиме“. Имаше многу насмеани луѓе на свадбата, си
поминавме спектакуларно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани