Кавани – Нејмар,
тоа е една доста интересна тема која кружи веќе подолг период низ медиумите кои
често пишуваат за тоа колку соиграчите од ПСЖ не се поднесуваат, сето тоа почна
со оној контроверзен пенал на францускиот првак кој донесе расправија помеѓу
обајцата за тоа кој да шутира, и сето тоа не запре.
Иако двајцата
фудбалери на ПСЖ често пати знаат да ги демантираат медиумите дека помеѓу нив
нема никакви лоши односи, медиумите и натаму пишуваат за такво нешто, а дуелот
кој го имаа на контролниот меч помеѓу Бразил и Уругвај, кој Кариоките го добија
минимално со 1-0, беше нешто плус за медиумите, а Кавани се налути па имаше
жестока реакција кон нив.
„Нејмар? Морате
веќе да престанете со тоа, вие медиумите сте тие кои правите нешто од ништо“
рече Кавани во микс зоната по мечот.
„Вон терените
сите имаме приватен живот, на теренот, сите работиме за интересите на клубовите
за кои настапуваме“ додаде Уругваецот.