752
Стартот на натпреварот меѓу Динамо Загреб и Милан на „Максимир“ во клучниот натпревар од последното коло на Лигата на шампионите беше мирен.
Во таква ситуација на силите Динамо успеа прв да дојде до предност, откако искористи катастрофален кикс на Матео Габиа. Дефанзивецот на „росонерите“ сакајќи да додаде само му ја смири топката на Мартин Батурина, овој си ја собра и рутински ја заврши акцијата пред голот на Мањан за 1-0 во 19. минута.