Антонио Касано излезе со нови критики на адреса на Рафаел Леао, вели дека Португалецот не знае да задржи топка, нема фудбалска идеја и нема завршница.
Рафаел Леао ги надмина проблемите со повредите и се врати против Наполи и Јувентус, но покажа партии под очекувањата, па одново доби многу замерки.
Најжесток во критиките беше Антонио Касано, кој се чуди како Португалецот има плата од 8 милиони евра по сезона.
„Леао не знае да игра со грб свртен кон голот, не знае како да ја задржи, заштити топката. Нема фудбалска идеја, не знае да шутне со десна, не знае да шутне ниту со лева. Има само брзина, ефективен е само кога ќе ја пушти топката во фор и ќе почне да трча“ – вели поранешниот фудбалер на Рома, Реал Мадрид, Милан и Интер.
„Она што најмногу ми пречи е таа еуфорија што се креира околу него, за тоа каков феномен е. Но не е он виновен, туку Милан, кој му дава плата од 8 милиони евра по сезона“.
Тој потоа додава: „Секоја година, на почетокот од сезоната, Леао го дава истото интервју и вели дека ова ќе биде негова година и дека ќе прикаже одлични партии со новиот тренер. Го направи тоа со Фонсека, со Консеисао, и сега со Алегри“.
„Тој не постигнува голови, нема асистенции – а најмногу од се, не знае да шутира“.