Мохамед Салах стави крај на трансфер сагата и потпиша договор од 2027 година со Ливерпул.
Приказната на египетскиот крилен напаѓач е навистина интересна. Тој тргна преку Ал Мокавлон, па преку Базел стигна до Челси. Во таборот на „сините“ беше на милост и немилост на Жозе Мурињо, па поради незадоволство замина една година подоцна. Салах кариерата ја оживеа во Италија играјќи за Фиорентина и Рома. Набргу на врата тропна Ливерпул кој во 2017 година го откупи.
Во дресот на „црвените“ досега Салах одигра 394 официјални натпревари, постигна 243 погодоци и подели 111 асистенции. Еѓипќанецот блесна во Премиер лигата, сруши доста рекорди и сега потпиша нов договор.
Целата негова кариера во кратка анимирана приказна ја пресликаа од „Бличер Репорт“.
The Mo Salah and Liverpool story continues
— B/R Football (@brfootball) April 11, 2025pic.twitter.com/4xSJqPXb03