Џејми Карагер синоќа имаше жестока дебата со Мика Ричардс, легендата на Ливерпул вели дека Челси не направил никаков прогрес и покрај тоа што потрошил 2 милијарди фунти на засилувања.
„Сините“ по пауза од две години се вратија во Лигата на шампионите, вчера гостуваа кај Баерн Минхен и загубија со 3-1.
Во студиото на СиБиСи Спортс, Џејми Карагер и Мика Ричардс имаа дебата за тоа дали клубот оди во права насока, а легендата на Ливерпул имаше многу примедби.
„Кога пристигна новото раководство, клубот беше под водство на Томас Тухел, и беа веднаш зад Манчестер Сити и Ливерпул, кои тогаш веројатно беа најдобрите два тима во светот, заедно со Реал Мадрид“ – вели Џејми Карагер.
„Тие беа трета сила во Англија. Не беше Манчестер јунајтед или Арсенал, беше Челси“.
„Имаа конкурентен тим за титули, потрошија 2 милијарди, и наместо да бидат поблиску до освојување на трофеј, тие сега се подалеку. Заостануваат многу повеќе зад топ екипите од Англија во споредба со пред три ипол години, а потрошија 2 милијарди фунти“.
Мика Ричардс посочи дека има прогрес: „Во првата сезона финишираа како 12-ти, потоа како 6-ти, и потоа како 4-ти. Плус триумфираа на Светското клупско првенство. Го победија најдобриот тим во Европа – ПСЖ. Не велам дека Челси ќе ја освои Премиерлигата, но може да се види дека имаат прогрес“.
Тој потоа појасни дека Челси има друг пристап, и дека купува млади играчи кои потоа ги продава поскапо.
На ова, Карагер реагираше: „Што е примарна цел на Челси, да освојува трофеи, или да продава играчи?“
Мика Ричард посочи дека Челси има освоено трофеј: „Но освоија два трофеи минатата година“.
На ова Џејми Карагер брутално искоментира: „Освоија Мики Маус трофеј!“.