Капитенот Рамос се огласи по отказот на Лопетеги, не каже ниту збор за тренерот (ФОТО)

by
3 минути читање

Хулен Лопетеги во
понеделникот доби отказ по само 139 дена поминати на кормилото на „Кралевите“.
Играчите на Реал Мадрид како да не се многу потресени од ваквиот развој на
настаните судејќи според нивната реакција на социјалните мрежи.

Само четворица
играчи се огласија на Твитер за да се збогуваат со Хулен Лопетеги. Прв тоа го
стори Маријано Диаз а потоа следуваа и пораки од Тони Крос, Дани Себаљос и младинецот
Серхио Регилон.

Капитенот Серхио
Рамос се огласи дури утрово, превзеде одговорност за моменталната ситуација но
не го спомна стратегот.

„Свесни сме дека сносиме вина и
превземаме одговорност за оваа ситуација. Но ова не се моменти кога треба да
зборуваме, ова се моменти кога треба да дејствуваме. Денеска е првиот чекор.
Хала Мадрид“
– напиша дефанзивецот на Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани