Веќе почнаа да се
„крчкаат“ големи трансфери на европско фудбалско тло, започна со Еден Азар кој
за 100 милиони евра од Челси премина во редовите на Реал Мадрид, а уште неколку
ѕвезди се споменуваат дека можат да направат голем трансфер во периодот кој претстои.
Уште неколку
фудбалери од Премиерлигата се шпекулира дека ќе направат трансфер, а еден од
нив секако е напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку, кој од поодамна
има таква опција, а веројатно ова лето ќе биде убава можност за Белгиецот да го
стори тоа.
Лукаку од
поодамна посочи дека има голема желба да игра во Италија, како и под кормилото
на Антонио Конте, новиот шеф на стручниот штаб на Интер од Милано.
Договор се уште
нема, од Интер имаат потешкотии за да дојдат до бараната сума од 84 милиони
евра за Лукаку, а со оглед на моменталната ситуација, калчолигашот тешко дека
ќе стигне до потписот на Белгиецот на таков начин.
„Калчомеркато“
пишувајќи на оваа тема, посочи дека одговорот на сите прашања кои ги мачат обата
клуба во оваа ситуација е напаѓачот на Нероаѕурите, Мауро Икарди.
Се шпекулира дека
Аргентинецот веќе добил јасна порака од раководството на Интер дека не е во
плановите на клубот во иднина, па така сево ова има смисла Манчестер јунајтед и
Интер да направат трампа ова лето, односно Лукаку и Икарди да направат трансфер
во обратен правец.