Какво лудило: Навивачите на Наполи направија хаос во Ајндховен, има стотици уапсени

by 24 фудбал
1 минути читање

Во Ајндховен вечерва вистински хаос пред натпреварот меѓу ПСВ и Наполи во Лигата на шампионите. Холандската полиција има полни раце работа и до сега се приведени дури 180 навивачи на италијанскиот шампион.

Според информациите од локалните медиуми, дел од нив биле вмешани во инциденти низ центарот на градот, а на друга локација полицијата привела и четворица навивачи на ПСВ.

Властите очекуваа проблеми уште пред мечот, па дуелот беше прогласен за натпревар со висок ризик. Минатата недела беа воспоставени неколку безбедносни зони околу стадионот поради страв од судири меѓу двете групи навивачи.

ПСВ во првите две кола освои само еден бод, додека Наполи има три бода по една победа и еден пораз. Натпреварот започнува во 21 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×