Фудбалерите на Брајтон избегнаа пораз против Борнмут и одиграа нерешени 1-1 во последниот натпревар од 22. коло на Премиер лигата.
Иако гостинската екипа на „Амекс“ беше пред победата, до тоа не дојде. Борнмут поведе со голот на Маркус Таверние во 32. минута и водеше до самиот крај, поточно до судиското продолжение.
Тогаш на сцена стапи 18-годишниот Харалампос Костулас. Талентираниот грчки напаѓач влезе во игра во 76. минута и на крајот стана херој. Костулас добро ја проследи акцијата и доби топка од Ван Хеке, ја прими на гради и реши да се обиде со ножички.
Гркот ја погоди топката перфектно и таа заврши во мрежата на гостите за конечни 1-1.