Какви малери, ова се има случено само три пати во последните 11 сезони и во сите три наврати на Ливерпул

by
1 минути читање

Историјата обично
вели дека оној кој е прв на табелата за Божиќ, на крајот станува шампион на
Англија. Секако, има исклучоци од ова непишано правило, во последните 11 сезони,
во три наврати се има случено тимот кој е на врвот за Божиќ да не ја освои
титулата во Премиерлигата.

Но куриозитет е
тоа што во сите три наврати станува збор за Ливерпул.

Во 2008/09, „црвените“ загубија само на два меча цела сезона, но на
крајот завршија зад Манчестер јунајтед и покрај тоа што го победија големиот
ривал со 4-1 среде „Олд Трафорд“ кон финишот на сезоната.

Во 2013/14 се случи фамозниот пораз од Челси кога Стивен Џерард се лизна а
Ливерпул загуби дома од „сините“ со 0-2, а беше прокоцкано и водство од 0-3 на
гостувањето кај Кристал Палас.

И оваа сезона
Ливерпул беша на врвот на табелата за Божиќ, но потоа следуваа низа лоши
резултати, па ниту одличниот финиш и извонредните 97 бода не беа доволни за прв
трофеј во Премиерлигата по 29 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани