Каква иронија, Погба кажа дека сака да си оди а на 1. јули ќе добие „дебел“ бонус за лојалност!

by
1 минути читање

Французинот е на
излезна врата од Олд Трафорд, Зинедин Зидан силно го посакува за новиот проект
во Реал Мадрид а и Јувентус се обидува да го врати во Торино.

Самиот Пол Погба
минатата недела изрази желба да замине и изјави дека е време за нов предизвик и
промена на средината. И покрај тоа што во мислите има друга дестинација,
фудбалерот од средниот ред на 1. јули ќе добие „дебел“ бонус за лојалност.

Како што пишува
Дејли Мејл, на сметката на Пол Погба на почетокот од следниот месец треба да
легнат 3,78 милиони фунти. Овој бонус се зголемува секоја година, и во 2018 тој
инкасирал 3,46 милиони фунти за лојалноста кон „ѓаволите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани