Каков гаф: Играат во Лига на шампиони, а пред натпреварот ја пуштија химната на Лига Европа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Натпреварот од шестото коло помеѓу Виљареал и Копенхаген (2-3) ќе се памети не само по изненадувачкиот триумф на гостите, туку и по една навистина необична сцена пред почетокот на натпреварот.

Имено, додека екипите стоеја построени за интонирање на химната на Лигата на шампионите, на звучниците од стадионот на домаќините место химната на Лигата на шампионите, одекна онаа на Лига Европа.

Многу брзо ваквата снимка стана и вирална на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×