Како реагираше Мурињо на ждрепката во ЛШ и новата пресметка помеѓу Бенфика и Реал (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Ждрепката во Лигата на шампиони повторно ги спои Бенфика и Реал Мадрид, а Жозе Мурињо реагираше како ова да не е ништо специјално, тој релаксирано си прави анализа на Тондела, следниот противник на клубот од Лисабон.

Бенфика против Реал Мадрид беше најдраматичниот натпревар во последното коло во групната фаза во Лигата на шампиони.

Тимот на Жозе Мурињо во 98. минута, со гол на голманот Трубин стигна до победа од 4-2 и пласман во баражот.

И судбината како да замеша раце, па денешната ждрепка повторно ги спои двата клуба во шеснаесфиналето, „кралевите“ ќе имаат шанса за реванш, а „орлите“ за ново изненадување.

Жозе  Мурињо исто така ќе се врати на Бернабеу, но како ова да не е ништо специјално, барем таков впечаток даде објавата на Португалецот на социјалните мрежи – тој релаксирано си седи во својата канцеларија и прави анализа на Тондела, следниот противник на Бенфика.

ФОТО: X/SL Benfica

Можно е и ова да ти се допаѓа

×