Како на филм: Мајката на Тајсон киднапирана во Бразил, а потоа ослободена од полицијата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Росангела Фреда,
мајката на бразилскиот фудбалер од редовите на Шахтер, Тајсон, е ослободена од
страна на полицијата откако беше киднапирана од страна на група која очигледно
ја прателе подолг период.

Таа била
киднапирана од својот дом во Бразил, а од снимките кои се достапни на јавноста
може да се забележи како најпрво еден доставувач сака да остави нешто во
нивниот дом, а ситуацијата за момент ја искористи групата која имаше намера да
ја киднапира, по што тоа и го стори во тој момент.

Полицијата брзо реагирала
и најпрво го забележала возилото со кое таа била киднапирана, четворица биле
уапсени, а едно лице е во бегство од сцените кои се случиле низ улиците во
Монте Бонито.

Таа е добро
рече полицискиот службеник Рафаел Лопез во изјава за медиумите додавајќи дека
нема повреди кај нејзе.

Од тоа што е
познато во истрагата, барем засега, пронајдено е оружје, кокаин и марихуана кај
киднаперите.

Тајсон беше дел
од селекцијата на Бразил на Светското првенство во Русија, 30 годишниот
фудбалер има осум настапи во дресот на Кариоките, а мина шест сезони во
Украина, од кои пола во дресот на Металист Харкив, по што следеше трансферот во
Шахтер, тим со кој освои три титули во тамошното првенство, а постојано е
клучен играч во тимот од Донецк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани