Како да не му е многу грижа: Еве што правеше Аморим неколку часа по отказот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Рубен Аморим денеска доби отказ во Манчестер јунајтед, португалскиот стратег замина по 18 месеци на клупата во кои немаше премногу успех, но изгледа не е премногу загрижен.

Имено, само неколку часа по објаувањето на отказот, фанови го забележале Аморим како излегол на прошетка во близина на домот во кој беше семестен во Манчестер.

Инаку, според информациите на новинарите на Островот тој за предвремениот раскин на договорот кој имаше важност до летото 2027 година ќе добие отштета од 11.5 милиони евра.

Кога е Манчестер јунајтед во прашање, тимот привремено ќе го води Дарен Флечер кој досега работеше во младинските категории.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×