Како Барселона го изгуби Кукуреља? Шпанецот доби само 7 минути шанса на „Камп Ноу“

by bojan
2 минути читање

Марк Кукуљера синоќа против Барселона и Ламин Јамал уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите леви бекови, Шпанецот потекнува од школата на „каталонците“ но никогаш не доби вистинска шанса на Камп Ноу.

Челси вчера со 3-0 славеше против Барселона во Лигата на шампионите, а еден од играчите кои се истакнаа беше Марк Кукуљера, кој одлично се справи со Ламин Јамал.

Голманот Роберт Санчез дури на шега рече дека „Кукуреља го ставил Јамал во џеб“.

Шпанецот своите фудбалски почетоци ги прави во Еспањол, но може да се каже дека е дете на Барселона откако четири години помина во школата на клубот на „Камп Ноу“, играше и во Б тимот, но никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим.

Дали поради тоа што Жорди Алба беше недопирлив на левата бековска позиција, или тренерите не видоа потенцијал во него, Марк Кукуљера има само еден натпревар и тоа во Копа дел Реј, на теренот помина 7 минути.

Прво беше испратен на позајмица во Еибар, а потоа и во Хетафе, клубот од Мадрид го препозна квалитетот на левиот бек па реши да инвестира 12 милиони евра во негов ангажман.

Хетафе подоцна го продава на Брајтон во зделка вредна околу 18 милиони евра, и по само една сезона во дресот на „галебите“, се случува трансфер бомба и преселба во Челси за околу 67 милиони евра.

На социјалните мрежи, денеска е прилично актуелна споредбата помеѓу Марк Кукуреља и Жуниор Фирпо, левиот бек во кој Барселона реши да инвестира, наместо да му даде шанса на Шпанецот.

И Жуниор Фирпо беше продаден подоцна, но Бразилецот не се снајде во Премиерлигата, испадна со Лидс во втора лига, а сега едвај игра во Бетис.

За разлика од него, Марк Кукуреља стана еден од најплатените леви бекови во светот, стана стандарден првотимец на Шпанија и триумфираше на Европското првенство во 2024, а изминатово лето со Челси стигна и до трофејот на новото Клупско светско првенство.

ФОТО: X/Chelsea FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×