455
Пеп Гвардиола се посочува како сонот на Андреа Ањели за нов тренер на Јувентус и наследник на Макс Алегри.
Шпанецот денеска беше во Милано на добротворен настан, а пред Палацо Париџи, каде се канцелариите за трансфери на Јувентус во Милано беше забележан и спортскиот директор на „Старата дама“, Фабио Паратичи.
Па веднаш почнаа да кружат гласини за состанок помеѓу двајцата. Според новинарот Марио Гаго Уерта од шпанската радио станица Онда Серо, дошло до средба и Паратичи имал разговор со Гвардиола.
Сепак, Гаго додава дека мали се шансите Шпанецот да го наследи Макс Алегри на кормилото на Јувентус.