Јувентус подобар од Лацио, Роналдо несакајќи му асистираше на Манџукиќ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шампионот на
Италија прокнижи нови три бода, попладнево во својот прв натпревар на домашен
терен оваа сезона Јувентус беше поуспешен од Лацио.

Резултатот го
отвори Миралем Пјаниќ по половина час игра. Босанецот начека полуволеј на врвот
од шеснаесетникот и биеше прецизно покрај стативата за 1-0.

Точка на
натпреварот стави Марио Манџукиќ во 75. минута. По една добра акција, Кансело
уфрли топка во срцето на петерецот и кога сите помислија дека Роналдо ќе го забележи
својот првенец, гостинскиот голман ја допре доволно топката за да го поремети ЦР7 кој осамен чекаше на подалечната статива.

Сепак, топката се одби од двете нозе на Роналдо и се намести идеално за
Манџукиќ да ја „закова“ во празната мрежа за 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани