458
Екипата на Саутемптон претрпе тежок пораз од Брентфорд на домашен терен (0-5) во Премиер лигата.
По дебаклот на „Сент Мери“ тренерот Иван Јуриќ даде интересна изјава. Тој нагласи дека сите се револтирано од резултатот, а дури и неговата сопруга.
„Во моментов сите сме фрустрирани, почнувајќи од мене и играчите, управата, па дури и мојата сопруга. Повеќе никој не смее да мисли само за себе. Мора сите колективно да размислуваме за доброто на клубот“, порача Јуриќ.
Саутемптон котира катастрофално со само шест бода во Премиер лигата и само чудо ќе го задржи во елитата.