92
Жозе Мурињо беше
шокиран од лошиот терен на стадионот Олимп-2 и беше загрижен за здравјето на
своите фудбалери, па може да биде задоволен што вечерва ниту еден играч не
заработи повреда.
Покрај тоа,
Манчестер јунајтед обезбеди и добар резултат, „Црвените Ѓаволи“ одиграа 1-1.
Мхитарјан го
отвори резултатот во 35. минута, на асистенција на Ибра, Ерменецот од пет метри
рутински ја смести топката во мрежата на домаќините.
Гостите дојдоа до
изедначување во 53. минута. Бухаров избегна една офсајд стапица и го матираше
Ромеро за 1-1.
На другите два
натпревари од 19 часот, Копенхаген со 2-1 славеше над Ајакс, а Андерлехт со
минимални 0-1 победи на гостувањето кај АПОЕЛ.