Српскиот стратег
од клупата на старо-новиот Премиерлигаш, Фулам, Славиша Јокановиќ е во
преговори со челниците на Челси за преземање на кормилото на минатогодишниот
првак на Англија.
Според информациите
кои пристигнуваат, Јокановиќ заедно со францускиот тренер Лоран Блан е
најблиску до клупата на тимот од Лондон, како опција се споменува и Маурисио
Сари, но тој во договорот со Наполи има откупна клаузула во висина од 8 милиони
евра, па извесно е дека тој е во втор план за таа позиција.
Раководството на
Челси веќе обавило прелиминарни преговори со Јокановиќ, а речиси и да нема
никакви дилеми дека Антонио Конте е на излезна врата од клубот.
Јокановиќ направи
голем успех предводејќи го Фулам до враќање во елитниот шампионат на Англија, а
подолг период се споменуваше како наследник на Конте на клупата на Челси.