Тренерот на Тотнем, Игор Тудор, се најде на удар на критики по поразот од Атлетико Мадрид со 5-2 во првиот меч од осминафиналето во Лига на шампиони на УЕФА.
Лондонскиот клуб имаше катастрофален старт на „Метрополитано“, бидејќи по само 15 минути губеше со 3-0. Два од погодоците дојдоа по големи грешки на младиот голман Антонин Кински, кој доби изненадувачка шанса да стартува на голот.
Тудор одлучи да го одмори првиот чувар на мрежата Гиљермо Викарио и довербата му ја даде на 22 годишниот Кински. Сепак, неговата вечер траеше само 17 минути. По серијата грешки и раното водство на Атлетико, хрватскиот тренер реши да го извади голманот од игра, потег кој предизвика голем шок кај навивачите и фудбалската јавност. Дополнително се забележа дека Тудор воопшто не му пријде на младиот голман кога го напушташе теренот. За потегот остро реагираа и шпанските медиуми.
„Човекот што почна со Кински беше истиот што подоцна го ‘уби’: Тудор“, пишува „Марка“.
„Антонин Кински. Запомнете го ова име бидејќи тоа е веќе историја на Лигата на шампионите. Тоа што се случи на Метрополитано засекогаш ќе остане запаметено, со неговите 17 минути на теренот и замената која зборува повеќе за неговиот тренер Игор Тудор отколку за самиот голман. Да не заборавиме, Кински има само 22 години и ова е само негова втора сезона на елитно ниво. Сепак, оваа сезона одигра само два натпревари пред гостувањето против Атлетико во Мадрид. Неговите две сериозни грешки што доведоа до голови го испратија на клупата. Тоа ги изненади соиграчите, публиката на Метрополитано и самиот играч, кој излегуваше од теренот видно лут кон човекот што претходно самиот одлучи да го остави Викарио на клупата“, додава шпанскиот медиум.
You’ve taken a risk on a young keeper and it’s backfired. As a manager you need to take responsibility. At least console him. Tudor has used Kinsky like a disposable razor pic.twitter.com/H2jEZtbcmy
— Pythagoras In Boots ⚽️ (@pythaginboots) March 10, 2026