„Изненаден, но и разочаран од Балотели“

by
1 минути читање

И натаму е
непознат статусот на Марио Балотели во Ница, од една страна француските медиуми
наведуваат дека тој има уште една година од договорот со Ница, а неговиот агент
Мино Рајола тврди дека тој е слободен играч на трансфер пазарот.

Шефот на
стручниот штаб на францускиот прволигаш, Патрик Виеира не го крие
разочарувањето од тоа што напаѓачот е во преговори со Олимпик Марсеј, вели дека
е срамота на ваков начин да заврши соработката.

Јас сум
изненаден, но и разочаран. Марио имаше две добри години во Ница, срамота е сево
ова да заврши на ваков начин. Доколку тој сака да си замине тоа е негов избор,
но многу е важно за него да дојде, да го испочитува договорот и да остави на
клубовите да се договорат. Ние имаме неколку фудбалери кои се во една таква
ситуација, но истите се на тренинзите и се во исчекување на клубовите да ги
финализираат работите
“ истакна Виеира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани