Изборот на стартниот состав и чудната тактика на Гвардиола ги збуни и играчите: Четири години сум тука, вакво нешто не сум видел

by
1 минути читање

Манчестер Сити
направи голем исчекор кон четвртфинале во Лигата на шампиони откако синоќа во
Мадрид го совлада Реал со 1-2.

За дуелот на
Сантијаго Бернабеу, Пеп Гвардиола направи доста промени, во стартниот состав ги
немаше Агуеро, Давид Силва, Стерлинг и Фернандињо. Беше поставена и нова формација,
наместо традиционалната 4-3-3, шампионот на Англија играше со 4-4-2.

Како ова да беше
малку, стратегот реши дополнително да ги измеша работите, па Жесус и Марез
играа по крилните позиции а Де Брујне и Бернардо Силва во форот.

По крајот на
натпреварот, Де Брујне призна дека и самите фудбалери биле изненадени и збунети
од тактичките замисли на Пеп Гвардиола.

„Четири години соработувам
со Гвардиола, знаело да има одредни изненадувања, но ова вечерва беше нешто сосема
друго, вакво нешто не сум видел. Се до почетокот на натпреварот, никој од нас не знаеше што треба да прави“

– вели Белгиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани