Италијански Скај спортс направи „каша попара“ со почетниот состав на Македонија! (ФОТО)

by
2 минути читање

Италија утревечер (20,45) во Торино пред своја публика ја
пречекува нашата репрезентација во претпоследното, деветто коло од
квалификациската група „Г“ за пласман на СП Русија 2018.

На дел од италијанските медиуми едноставно не им оди од
рака во склопувањето на можниот почетен состав на нашата селекција за утрешниот
меч во Торино,
тие најпрво во текот на вчерашниот дел го најавија повредениот Николов за стартер, овој пат бележиме нов кикс, и тоа од повлијателен и воедно
пореномиран медиум.

Италијански „Скај спорт“ веројатно направи добри
претпоставки за почетниот состав на домаќинот, меѓутоа во однос на почетниот
состав на Македонија, направи голема утка, прашање е дали истиот медиум се потрудил да стигне
до информацијата за тоа кој е повикан во нашиот состав од страна на селекторот
Игор Ангеловски.

Реномираниот медиум направи „каша-попара“ по нашки кажано
во однос на предвидувањето на почетниот состав на Македонија, па внесе дури
четворица фудбалери кои не се ни повикани за средбата во Торино, на голот го
постави Мартин Богатинов, кој инаку бранеше на првиот дуел со Италија во Скопје
(2-3), но од тогаш (лани, октомври) нема повик до него од Ангеловски.

Понатаму, во почетниот состав се најдоа Мојсов, Шиков,
Жута, Ибраими… кои исто така не се ниту повикани за утрешниот натпревар.

 

Фото-вест: ffm.mk (од првиот тренинг во Торино)

Извор: sport.sky.it

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани