Голем број на извори пренесуваат дека Нико Паз ќе продолжи во дресот на „сино-белите“, Реал Мадрид и Комо си подале рака за зделка вредна околу 60 милиони.
Интер мака мачи на трансфер пазарот, откако во последен миг Челси им го украде Марко Палестра, ќе остане без уште една дамнешна желба – Нико Паз.
Реал Мадрид даде приоритет на преговорите со Комо, па двата клуба сега си подале рака за зделка вредна околу 60 милиони евра.
„Кралевите“ сепак ќе продолжат да имаат контрола врз иднината на фудбалерот, односно ќе добијат клаузула со која ќе можат да го вратат на „Бернабеу“ за 80 милиони евра.
Но како што пренесуваат одредени извори, оваа клаузула ќе биде валидна само следното лето.
Останува да се види дали во договорот помеѓу двата клуба има и други клаузули, како процент од следна продажба, или право да се изедначи понуда доколку некој друг клуб достави предлог.