Интер не знае како со младите фудбалери, во јули го продадоа за ситно а сега е третиот највреден тинејџер во Европа!

by
2 минути читање

Интер во минатото
често знаеше да направи утки на трансфер пазарот, и особено да ја оплеска со
младите талентирани фудбалери. Многумина паметат како „нероаѕурите“ прелесно се
ослободија од Андреа Пирло, кој потоа блесна во дресот на Милан и Јувентус и
стака фудбалска икона во Италија и Европа.

Ново има на
списокот е Никола Заниоло, кој важеше за еден од најталентираните играчи во
школата на Интер и еден од најперспективните фудбалери на „чизмата“.

Клубот од Џузепе
Меаца летоска се ослободи од плејмејкеро за скромни 4,5 милиони евра и тоа како
дел од трансферот на Раџа Наинголан. Младиот Италијанец блесна во дресот на
Рома оваа сезона, па дебитираше за „Аѕурите“ и го привлече вниманието на многу
клубови помеѓу кои Јувентус и Реал Мадрид.

Според
меѓународниот центар за спортски студии (
CIES) тој сега вреди 15-тина пати повеќе и Никола
Заниоло е помеѓу тројцата највредни фудбалери до 20 години кои настапуваат во
петте најсилни лиги во Европа.

На врвот е Џејдон
Санчо од Дортмунд кој се проценува на фантастични 150 милиони евра, потоа следи Матео
Гендузи од Арсенал кој е проценет на 70 милиони евра а трет е Никола Заниоло,
кој е проценет на 67,4 милиони евра.

Штета што истражувањето
се однесува само на најсилните пет првенства па не можеме да видиме како стои
нашиот Елиф Елмас со неговите врсници ширум Европа. Макдонецот редовно е следен
од голем број на скаути и се најавува дека летоска ќе направи трансфер од околу
20 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани