Интер ја декласира Рома и го продолжи патот кон скудетото! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на  Интер го продолжија походот кон шампионската титула и по три рунди се вратија на победите со стил. „Нераѕурите“ ја декласираа Рома (5-2) во една од дерби пресметките на 31. коло на Серија А.

Резултатот на „Џузепе Меаца“ беше отворен уште во првата минута, бидејќи Лаутаро Мартинез стрела за 1-0. Домашната екипа водеше до пред полувремето, а тогаш Џанлука Манчини израмни (1-1) во 40. минута.

Во судиското продолжение на првиот дел Хакан Чалханогу даде ефектен гол за ново водство на Интер (2-1). Домаќините по стартот на вториот дел набрзина го решија прашањето за победникот, бидејќи Лаутаро Мартинез во 52. и Маркус Турам во 55. минута донесоа водство од 4-1. Само осум минути подоцна Николо Барела погоди за уште поубедливо водство на Интер. Поразот на Рома го ублажи Лоренцо Пелегрини кој во 70. минута ги постави конечните 5-2.

Интер сигурно чекори кон титулата и стави крај на кризата, па сега има девет бода повеќе од градскиот ривал Милан и десет од Наполи кои утре играат дерби меѓусебе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×