Интер продолжува со преговорите со Дрис Мертенс, фудбалерот на Наполи чиј договор со италијанскиот вицепрвак истекува на лето, а речиси и да нема никакви дилеми во тоа дека Белгиецот ќе си замине од Неапол.
Со оглед на ситуацијата со договорот на Мертенс, тој има можност да преговара со заинтересираните клубови за неговите услуги, а извесно е дека Интер е најсериозен во тие намери.
Николо Шира од „Газета дело Спорт“ известува дека преговорите помеѓу Интер и Мертенс и натаму траат, а дополнително, од таму додаваат дека Интер барем засега ја има најдобрата понуда до Белгиецот, за чии услуги истовремено се заинтересирани Манчестер јунајтед и Арсенал.
Се верува дека Наполи и покрај тоа што не постојат никакви сигнали од Мертенс, односно желба да продолжи во Неапол, се труди да издејствува продолжување на соработката со 32 годишниот офанзивец кого го делат само два погодоци за да стане најдобриот стрелец во клупската историја на Наполи.
Тоа што е интересно, Наполи утре ќе ги одмери силите со Интер во рамките на полуфиналето од Купот на Италија, па токму против „Нероаѕурите“, Мертенс ќе го почне походот кон испишување на историја во клубот од Неапол, откако „Тутомеркатовеб“ пренесе дека Белгиецот по два месеци повторно ќе се врати како стартер.