Им донесе опстанок, а тие го отпуштија

by
1 минути читање

Брајтон на коло пред крајот обезбеди опстанок во Премиерлигата, но раководството на клубот изгледа има поголеми амбиции од актуелните резултати.

Клубот утринава го отпушти Крис Хатон кој им беше тренер четири и пол години. 

„Крис заврши одлична работа, прво го стабилизираше клубот обезбедувајќи плејоф во својата прва цела сезона, обезбедувајќи ни прв пласман во Премиерлигата воопшто и обезбедувајќи ни опсанок во две последователни сезони. Без сомнение ова е една од моите најтешки одлуки кои сум ги донел како претседател на Брајтон, но морав да го направам тоа поради лошите резултати во вториот дел од сезоната. Нашата серија од три победи на последните 23 мечеви во Премиерлигата ни го донесе опстанокот под знак прашалник и мислам дека е вистинско време за промена“, изјави претседателот на клубот, Тони Блум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани