Икарди донесе бод за Интер против Барса, немаше победник и на дуелот меѓу Наполи и ПСЖ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер и Барселона одиграа меч со два гола во самиот финиш од натпреварот, мрежите мируваа се до 83. минута кога Малком погоди за водство на Каталонците од 1-0.

Во тие моменти се чинеше дека Барселона ќе си замине со целиот плен, но во 87. минута Икарди постигна гол за конечни 1-1.

Со истиот резултат заврши и дуелот на Сан Паоло, каде Наполи го пречека ПСЖ во дербито од Групата Ц.

Во финишот од првиот дел, ПСЖ преку Бернат дојде до водство, но во 63. минута Инсиње од пенал не дозволи радост на гостите.

Атлетико Мадрид со 2-0 ја победи Борусија Дортмунд. Саул Нигез и Антоан Гризман беа стрелци на головите за Шпанците.

Тотнем со пресврт во второто полувреме и тоа во финишот го победи ПСВ Ајндховен со 2-1. Холанѓаните имаа водство уште од втората минута кога Де Јонг даде гол. Но Хари Кејн беше јунакот на Англичаните, израмни во 78. минута, а донесе победа на минута пред истекот на регуларните 90.

Шалке со 2-0 го победи Галатасарај, Порто со 4-1 славеше над Локомотив Москва.

Претходно Црвена звезда со 2-0 го победи Ливерпул, а Клуб Бриж со убедливи 4-0 славеше на гостувањето кај Монако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани