454
Игуаин пропушти добра шанса во финалето на Светското првенство 2014, како и на последните две финалиња на Копа Америка.
Тој не реализираше пенал за Наполи против Лацио во 2015 година кој го чинеше неговиот поранешен клуб место во Лигата на шампионите.
„Зошто тоа се случува? Тоа е прашање за психолог, не е за мене“ – вели Креспо.
„Нема сомнеж за техничките квалитети на Игуаин, но мислам дека тоа е ситуација која често се случува. Може да се случува во финале, и може да му се случи на секој“.
„Треба да се види дали има психолошки квалитети да ги надмине таквите грешки. Можеби бидејќи ваквите грешки во финалињата се дел од неговата историја, не може да ги заборави“.
„Проблемот повеќе е психолошки отколку технички“.