Неколку медиуми
веќе објавија дека напаѓачот на ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ е се поблиску до
враќање во Милан, а тоа може да се случи во јануарскиот преоден рок.
Шведскиот напаѓач
мина две сезони во дресот на Росонерите, постигнувајќи 56 погодоци во 85
натпревари, а воедно го освои и Скудетото во 2011. година.
Ибрахимовиќ потоа
беше продаден на ПСЖ во летото 2012. година, но, призна дека не сакал да си
замине од Милано.
Шпекулациите дека
Ибрахимовиќ ќе се врати во Милан не се нешто ново, тие циркулираат веќе неколку
месеци низ медиумите, а сега Sky и Calciomercato објавија
дека договорот е се поблиску.
Агентот на
Швеѓанецот, Мино Рајола наводно е во постојан контант со техничкиот директор на
Милан, Леонардо и веќе разговараат за условите под кои може да падне договор
помеѓу обете страни.