Ибра: Кога доаѓав во Англија ми велеа дека доаѓам во инвалидска количка, сите тие јас ги ставив во инвалидска количка!

by
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ имаше одлична статистика во Манчестер јунајтед пред да се повреди. Швеѓанецот имаше кратка авантура во Англија, но вели дека е горд на тоа.

„Имав долга кариера пред да отидам во Премиерлигата, различни држави, различни клубови“, вели Ибрахимовиќ.

„Луѓето ми велеа: ‘Не треба да одиш во Англија, бидејќи ако потфрлиш во Англија ќе велат дека не си бил доволно добар’. Сите беа против тоа. И погодете што? Тие ме мотивираа. Тие ми дадоа адреналин“.

„Ми се допадна Премиерлигата. Многу е мотивирачка и возбудлива. Привлекува големо внимание иако мислам дека квалитетот е малку преценет, индивидуалниот квалитет, техничкиот дел“.

„Но ритамот е висок. Дури и ако сте најдобри, ако не се справите со ритамот, со брзината, тогаш нема да успеете, бидејќи брзината е на многу високо ниво“.

„Јас сум многу горд и многу среќен што бев дел од Јунајтед, тоа беше вистинскиот клуб. Освоивме и го направив тоа што го направив пред да се повредам. Имам одлични спомени. Се приврзав со фановите на Јунајтед засекогаш. Навивачите се неверојатни, каде и да одев гледав црвени дресови што е фантастично. Тоа е многу важен момент во мојата кариера“.

„Како што и кажав кога бев во Англија, среќни сте што не дојдов пред десет години, бидејќи ако го правам тоа што го правам на 35 години, замислете како ќе беше ако имав 25. Тогаш ќе беше една сосема поинаква приказна“.

„Отидов таму и тие велеа дека доаѓам во инвалидска количка.Сите што зборуваа така, во целата Премиерлига, јас ги ставив во инвалидска количка. Тоа е тоа што го направив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани