533
„Сините“ имаат
забрана за трансфери, но „дупка“ во правилата им овозможува да го купат Матео
Ковачиќ бидејќи фудбалерот изминатава сезона настапуваше на Стемфорд Бриџ на
позајмица и Челси ја поседува неговата регистрација.
Но зделката е
возможна само доколку се комплетира до 30. јуни, па двата клуба имале интензивни
преговори оваа недела и последните информации велат дека паднал договор.
Голем број на
медиуми од Англија и Шпанија пренесуваат дека Челси и Реал Мадрид си подале рака за трансфер вреден околу 45 милиони евра, кој со бонуси ќе се искачи на
50 милиони евра.