Двајцата Бразилци
неодамна отворија ресторан во Лондон, и во разговор со ТВ каналот на Челси
споделија анегдота поврзана со Нголо Канте.
Французинот е еден
од најомилентие ликови во светот на фудбалот, со неуморната работа на теренот,
ведриот дух и скромноста ги освои симпатиите, но и тој е само човек и има
маана.
Давид Луиз и
Вилијан откриваат дека Нголо Канте не сака да плати кога јаде во нивниот
ресторан.
„Играчите на
Челси го обожаваат местото бидејќи вообичаено не сакаат да платат. Особено
Нголо“ – вели Давид Луиз.
Вилијан пак
додава: „Ако му кажате на Нголо да плати, тој прави вака (Бразилецот го имитира
изразот на лицето на Канте) и ви вели „Да? Треба да платам? Ох, не! Ти и Давид
се добри, имате добро срце““.
Луиз потоа
заврши: „Дури и пред сите играчи да му кажам дека треба да плати тој вели „Нема
шанси““.
Нголо Канте во
моментов е во преговори со Челси за нов договор, кој според медиумите од
Англија ќе му донесе неделна плата од околу 300.000 фунти (односно 16 милиони
фунти по сезона) и ќе го направи еден од најплатените играчи во Премиерлигата.
Па можеби Французинот во иднина ќе пушти срце и ќе плати за својот оброк.