Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер би можел да направи трансфер во Италија бидејќи е на мета на Наполи.
Спореди информациите на реномираниот „Атлетик“ англискиот дефанзивец покрај Наполи се поврзува и со Галатасарај.
Наполи во последното лето се засили и со Скот Мектоминеј од Манчестер јунајтед, а сега двата клуба би можеле повторно да соработуваат.
Договорот кој го има Мегваер со Манчестер јунајтед е до летото 2025 година, но во него има опција за продолжување до 2026 година. Ако тоа не се случи продажба во зимскиот период е последната шанса за Манчестер јунајтед да заработи.
Со евентуалното доаѓање во Наполи, Мегваер би се борел за Скудетото бидејќи тимот е лидер во Серија А со 38 бодови, но Аталанта и Интер имаат само три бода помалку.