Хаосот со ковид-19 во Њукасл и натаму продолжува, под знак прашалник и мечот со ВБА?

by
1 минути читање

Дуелот на Њукасл на домашен терен против ВБА во рамките на претстојното 12 коло во Премиерлигата е под знак прашалник, тој исто би можел да се одложи откако веќе се случи такво сценарио за гостувањето кај Астон Вила изминатиов викенд.

Како што е познато, во Њукасл владее вистински хаос со ковид-19, а тренинг центарот е затворен од минатиот понеделник, а медиумите на Островот известуваат дека ситуацијата не стивнала, туку има нови бројки на зарази со коронавирус во клубот.

Фудбалерите и генерално гледано целиот клуб се надеваа дека од денеска наутро ќе се вратат на тренинзите, меѓутоа на фудбалерите им било укажано да ги сочекаат резултатите од последното тестирање кое се обавува токму денеска.

Иако детали не се објавуваат, тамошните медиуми веќе објавија дека хаосот започнал со зараза на еден член во клубот (не бил фудбалер), а потоа заразата почнала да се шири и преку фудбалер кој претходно бил дел од интернационалната пауза, односно ги обавувал обврските кон својата национална селекција, меѓутоа од клубот, ниту од Премиерлигата не објавија детали.

„Телеграф“ пишувајќи на оваа тема пренесе дека бројките на заразени во Њукасл со ковид-19 се двоцифрени, а неофицијално, се работи за десет членови кои биле позитивни на тестирањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×