Бурно е во Реал
Мадрид, турбуленциите започнаа со заминувањето на Зинедин Зидан од клупата на
гигантот, а потоа продолжија со трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус.
Се споменуваше
дека Хамес Родригез на една година пред крајот на договорените две години
позајмица во Баерн Минхен, ќе се врати во редовите на Кралевите, но, до тоа
нема да дојде, соопшти „Gestifute“.
„Хамес Родригез
нема да го напушти Баерн Минхен за да се врати во Реал Мадрид една година пред
крајот на неговата двегодишна позајмица“ рекоа од таа агенција за „ESPN
FC“.
Колумбиецот се
приклучи на редовите на Баварците минатото лето откако не избори место под
кормилото на Зидан, но, именувањето на Лопетеги за нов шеф на стручниот штаб на
европскиот првак донесе опција тој предвреме да се врати во тимот на Реал
Мадрид, но, до тоа нема да дојде.
Реал Мадрид ќе добие
по 5 милиони евра за двете сезони на Хамес во Баерн, а германскиот првак има
опција да го откупи неговиот договор целосно идното лето за 35.2 милиони евра.