Халанд реален: Не заслуживме да го победиме Монако!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ерлинг Халанд беше лут по ремито на Манчестер Сити против Монако во Лигата на шампионите. Норвежанецот постигна два гола, но тоа не беше доволно за победа, бидејќи во последната минута Ерик Дајер реализираше пенал и му донесе бод на францускиот тим за конечни 2-2.

Сити на гостински терен во Европа веќе пет натпревари по ред не знае за победа, а Халанд по мечот истакна дека проблемот е во недостигот на енергија.

Секако дека не се чувствуваме добро, не победивме. Направивме непотребни работи во второто полувреме и мислам дека не игравме доволно добро, не заслуживме да победиме. Енергија, ни треба повеќе енергија. Требаше да ги напаѓаме повеќе како што правевме во првото полувреме“, изјави Халанд.

По две одиграни кола во групната фаза Манчестер Сити има четири бода, додека Монако го освои првиот по поразот од Бриж на стартот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×