Биелса беше селектор на Аргентина и Чиле, а беше тренер и на Атлетик, Билбао, Марсеј, Лил и Лацио. Тој е познат по своите интензивни методи и внимание на детали со што го заработува прехарот „Ел Локо“ (Лудиот), но аргентинскиот стратег има освоено само три титули во својата земја.
Пеп Гвардиола е голем фан на Биелса, за него тој е најдобриот тренер во светот.
„Мојата почит за Марсело Биелса е голема бидејќи тој ги прави фудбалерите многу, многу подобри“, вели Гвардиола.
„Се уште не сум сретнал некој поранешен фудбалер на Биелса кој не зборувал добро за него. Тие му се благодарни за неговото влијание во нивните фудбалски кариери“.
„Тој ми помогнал многу со совети. Секогаш кога зборувам со него чувствувам како да сака да ми помогне“.
„Важно за мене е да го кажам ова за Биелса бидејќи не е важно колку титули има во неговата кариера. Нас не судат по тоа, колкав успех имаме, колку титули сме освоиле. Но тоа е помалку влијателно од тоа како тој влијае на фудбалот и фудбалерите. Затоа тој за мене е најдобриот тренер во светот“.