Гвардиола: Во Сити имам сè што ќе посакам, не се враќам во Барселона или Германија

by
1 минути читање

По стартот без титула во Англија, Пеп Гвардиола изгради моќен Манчестер Сити кој доминира на островот. Во минатата сезона ги освои сите домашни титули.

„Тука во Сити имам сè, искрено имам сè што ми е потребно. Работење дома, во Шпанија е тешко поради тоа што емоциите се многу интензивни и прес конференциите се потешки“, вели Гвардиола.

„Тука, во Манчестер го имам Чики Бегиристан (спортскиот директор на Сити), кој е најважната личност во мојата кариера бидејќи ми веруваше и кога бев никој“.

„Го имам е Феран Сориано (извршниот директор на Сити) исто така, понекогаш ќе се запрашате како може да биде толку ладен? Но во исто време знаете дека тој менаџира со брутална перцепција“.

„Кога победувам сум добар, кога губам сум лош. Секаде е исто, но во овој клуб ние сме тројца или четворица луѓе кои ги носиме спортските одлуки, нема врева од 18 членови на бордот на пример“.

„Имам сè што посакувам за да си ја вршам работата. Не би се вратил назад во Барселона или Германија. Каде би имал волку добри услови за да играм во така прекрасна лига како што е Премиерлигата?“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани