Гвардиола со коментар по сториите за лудата понуда на Сити за Меси

by
1 минути читање

Претседателот на
„Граѓаните“, Калдон Ал Мубарак неодамна откри дека имале неуспешен обид да го
ангажираат Лео Меси и покрај тоа што му понудиле тројно поголема плата од онаа
која Аргентинецот ја заработувал во Барселона.

Шпански
„Ел Мундо“ денеска објави детали од лудиот предлог кој Манчестер Сити го
доставил до напаѓачот во 2017.

Весникот пренесе
дека Манчестер Сити бил подготвен да му искешира на Лео Меси 250 милиони евра
односно пет годишен договор и нето плата од 50 милиони евра по сезона. Клубот
од Етихад исто така на таткото на Меси му ветил бонус од 50 милиони евра
доколку го убеди својот син да го напушти Камп Ноу а биле подготвени и 250 милиони евра за активирање на откупната клаузула.

Пеп Гвардиола
попладнево ги прокоментира ваквите написи и истакна дека тој никогаш не
разговарал со Лео Меси.

„Многу пати имам кажано но ќе повторам и сега. Никогаш не сум го прашал Лео
Меси да ми се придружи во Баерн Минхен или пак во Манчестер Сити. Знам колку
тој е важен за Барселона. Никогаш не сум разговарал, никогаш не сум го направил
првиот чекор“
– вели тренерот на Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани