Пеп Гвардиола
веќе трета сезона е на кормилото на Манчестер Сити, го предводеше англискиот
тим до титула во Премиерлигата со рекордни 100 бода ланската сезона.
Во својата
кариера како тренер освои три титули во Примера предводејќи ја Барселона, како
и две титули во Лигата на шампионите со таа екипа, а во трите сезони во
Бундеслигата го предводеше Баерн Минхен до три шампионски титули во таа лига,
сепак, Премиерлигата за него значело чекор напред како тренер.
„Денес сум
подобар тренер во однос на тоа што бев во Германија, како и подобар тренер од
тоа што бев во Барселона, само поради фактот што сум тука“ вели тој.
„Сега, се
чувствувам како подобар тренер бидејќи научив да се справам со оваа неверојатна
лига во многу околности, ние ја работиме оваа работа, а целиот свет не следи,
ова е фантастично“ додаде Пеп кој заклучи дека Премиерлигата е најтешката.
„Ова е најтешката
лига, како една од причините би го навел бројот на натпревари, времето, како и
зборовите на судиите на натпреварите кои постојано извикуваат: ‘Играј, играј’, ова е веројатно единствената лига во светот каде
пет или шест екипи можат да ја освојат титулата“ заклучи тренерот на Сити.