Гвардиола: Потребни ми се непријатели и луѓе кои ме мразат!

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот на фудбалот во моментов, според многумина и најдобар.

Тој вели дека потребно му е да има и луѓе кои го мразат, непријателите се важни за да се напредува.

„Потребни ми се луѓе кои ме мразат, бидејќи фудбалот е постојано докажување. Овој спорт генерира непријатели и во тие моменти си викате во ред и ќе се обидете да победите. Истото е и кај играчите“, вели Пеп Гвардиола.

Некои како неуспех му го препишуваат неговиот период во Баерн Минхен со кој не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, доминираше само во Германија каде што неговиот тим и немаше голема конкуренција.

„Ми велат дека во Баерн Минхен не успеав да ја освојам Лигата на шампионите, не успеав, но вредеше, тие не ги знаат сите позитивни работи кои јас ги стекнав“.

„Тоа што ми се допадна највеќе е што докажав дека луѓето кои веле дека не можеме да го играме истиот начин на фудбал во Германија или Премиерлигата погрешија“.

„Со Силва, Бернардо Силва, Стерлинг или Агуеро, сите тие помали од метар. Го направивме тоа“.

„Не примавме многу голови и доминиравме посиционо. Ги имаме истите идеи кои ги имавме кога трениравме во младинскиот тим на Барселона во третата дивизија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани