Изминатиов период
Елиф Елмас е доста актуелен низ турските медиуми, познато е дека скаути на
неколку европски гиганти меѓу кои Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, ПСВ, како
и Феенорд, го следеле нашиот млад фудбалер во настапите за нашата селекција за
фудбалери до 18 години.
Германски „Билд“
напиша дека големиот македонски фудбалски талент сака да се пресели во
Манчестер Сити или Борусија Дортмунд, а истовремено на оваа тема следиме и една
доста интересна вест.
„Билд“ додаде
дека нема да зачуди доколку во летниот преоден рок Борусија Дортмунд излезе како победник во големата
битка која претстои за 18 годишниот фудбалер во претстојниот летен трансфер
период.
Елмас е во
непријатна ситуација изминатиов период во Фенербахче, а непријатностите почнаа
по крвничкиот старт кој го направи врз фудбалер на Бешикташ во меч од
младинските конкуренции на Турција, нешто, што наводно го налутило шефот на
стручниот штаб на Фенербахче, Ајкут Кочаман, до тој степен што искусниот тренер
не сакал ниту да го погледне нашиот репрезентативец, барем така пренесоа
тамошните медиуми.
Извор: fanatik.com.tr