Пеп Гвардиола најави голем дуел со Ливерпул во ФА Купот, но во прв план го стави Мохамед Салах, за кого имаше само пофални зборови во пресрет на неговото заминување од „Енфилд“.
Тренерот на Манчестер Сити потенцира дека Египќанецот со години прави разлика на највисоко ниво и дека заслужува посебно признание за сè што постигна во англискиот фудбал.
„Тој е еден од најголемите, бројките, константноста, неверојатен играч и човек, апсолутна легенда на Ливерпул и на Премиер лигата. Овој натпревар е добра можност да добие признание за сè што направи во Англија и светскиот фудбал. Многу пати ни беше најголем ривал, Ливерпул вложи многу за да остане во врвот и има тим кој е кандидат за трофеј во Лигата на шампионите, се надевам дека ќе одиграме како против Арсенал и ќе поминеме понатаму“, изјави Гвардиола.
Пресметката меѓу Сити и Ливерпул доаѓа во чувствителен момент, кога вниманието е насочено кон разделбата на Салах со клубот, со што ќе се затвори едно од најуспешните поглавја во поновата историја на Премиер лигата.