Гризман со два гола ја предводеше Барса до „ремонтада“ против Бетис (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во воведното коло од новата сезона, и Барселона и Бетис загубија, па на двата тима вечерва очајно им требаше победа. Гостите беа тие кои го зададоа првиот удар, Фекир погоди за 0-1.

Пред крајот на првиот дел, Гризман го постигна својот прв гол во дресот на „каталонците“ и изедначи на 1-1.

На стартот од вториот дел, Французинот прекрасно пласираше од работ на шеснаесетникот за 2-1 и најави шоу на Камп Ноу. Кратко потоа Перез зголеми на 3-1, а по еден час игра Алба реализираше за 4-1.

Видал во 77. минута погоди за 5-1, а конечниот резултат го постави Лорен, кој 120 секунди подоцна, испрати еден проектил од далечина за 5-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×