Гризман е најголемиот пишман аџија, се повторува сапунска опера од минатото лето

by
2 минути читање

Пред 12 месеци,
Антоан Гризман се најавуваше како новото засилување на Жозе Мурињо во Манчестер
јунајтед. Медиумите со месеци пишуваа дека „Црвените ѓаволи“ се договориле со
напаѓачот и ќе ја активираат неговата откупна клаузула вредна 100 милиони евра.

Но на крајот Фрацузинот
остана во Атлетико Мадрид. „Колчонероси“ добија забрана за трансфери, не можеа
да го надополнат неговото евентуално заминување, па Антоан Гризман се
предомисли и остана.

Сапунската опера
нареча „трансферот на Гризман“ очигледно се повторува и сега. Со месеци се
пишува дека Барселона има договор со играчот и ќе ја активира неговата откупна
клаузула која од 1. јули изнесува 100 милиони евра ( во моментов е 200 милиони
евра).

Но како изминува
времето, Антоан Гризман молчи а медиумите се повеќе шпекулираат за тоа какви се не напори прави
Атлетико Мадрид за по втор пат да го убеди да остане.

Денешните изданија на АБЦ и АС пренесоа дека Французинот пресекол и решил да
настапува на Ванда Метрополитано и следната година.

Сепак, ништо не е
сигурно, бидејќи извори блиски до играчт за Лекип пренесуваат дека никој не
знае што сака самиот Антоан Гризман.

„До овој момент, ниту
ние не знаеме каде Антоан Гризман ќе игра следната сезона
– велат од придружбата на фудбалот
за реномираниот француски венсик. „Антоан се уште го нема одбрано новиот клуб.
Исто така, спротивно на она што се пишуваше изминативе месеци, тој нема
потпишано преддоговор со Барса“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани